X
 14.06.2016 Култура

Што четките за заби кажуваат за нашата нееднаквост?

Ана Рослинг-Ронлунд собира фотографии од секојдневните предмети од најсиромашните и најбогатите домаќинства. Дури и обична четка за заби, може да ги открие нееднаквостите во светот, вели таа.

 

cetka


Замислете ако целиот свет живееше во една улица со најбогатите домаќинства на едниот крај, а најсиромашните, на другиот - а секоја врата од куќите да е отворена за јавноста. Токму и ова е визијата позади „Dollar Street“, онлајн фото галерија од секојдневните предмети од повеќе од 200 домаќинства. Веб страната на проектот ќе започне со работа во јануари 2016 година, вели менаџерот на проектот Ана Рослинг-Ронлунд.

 

Таа се надева дека посетителите ќе пребаруваат низ галериите на четките за заби, масите, чевлите и играчките и ќе видат како предметите се трансформираат од притисокот на сиромаштијата. „Ако ние живееме според одреден материјален животен стандард, тогаш многу тешко е да ги разбереме другите кои живеат различно“. Во оваа серија фотографии, таа споделува неверојатен избор на фотографии од четки за заби кои ќе ве шокираат со нивната разлика. 

 

Линк до галеријата.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура