Доколку често го користите интернетот, сигурно сте го имале истото искуство: отворате повеќе прозорци и сè успорува. Постојат многу причини за ова, но најчестата е флешот, што овозможува прикажување видео или интерактивни содржини.
Многу реклами користат флеш, а многу анимирани реклами го успоруваат компјутерот, дури и кога работат во позадина. „
Вокс“ пишуваат за еден едноставен начин со кој може да се реши овој проблем. Се работи за екстензија со која се забранува флешот сè додека не го дозволите неговото функционирање. На тој начин, никогаш нема да мора да гледате реклами кои работата на флеш и го успоруваат компјутерот.
Оние видеа и содржини кои работат на флеш, а сакате да ги гледате можете со еден клик. Екстензијата е наречена „
Flashcontrol“ и може да се најде во продавницата на „Хром“.
Советот се однесува на корисниците на компјутери, со оглед на тоа што уредите на „Епл“ не поддржуваат флеш, а „Гугл“ го отфрли од уредите на „Андроид“ пред повеќе години.