X
 12.02.2023 Живот

Младите генерации имаат нов начин на заработка додека се на одмор

Одењето на одмор станува голем финансиски предизвик за младите луѓе поради високите трошоци за живот. Тоа ги поттикнува припадниците на генерацијата З да наоѓаат креативни решенија.

Четири студенти од Универзитетот за технологија во Сиднеј одлучиле да најдат начин за заработка за време на патување. Тие ја создале веб-страницата „Нестик“, која им овозможува на луѓето да најдат привремен потстанар за станот кој тие самите го изнајмуваат додека се на одмор. На тој начин, додека тие се на патување, друго лице може да го користи нивниот стан и да ја плати месечната станарина наместо нив.



- Мојата генерација е практично без денар откако ќе ја платиме станарината, но ги заслужуваме истите можности како секоја друга генерација, да уживаме во животот, да создаваме нови искуства и да истражуваме други култури - изјавил еден од основачите на веб-страницата, Кит Шембри.

Поволностите на „Нестик“ во однос на другите вакви веб-страници е во тоа што нуди поевтина и полесна опција за наоѓање сместување. Веб-страницата ги повлекува парите на гостите една недела пред престојот, а се наплаќа и надомест од 15 отсто за домаќинот.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот