X
 17.05.2018 Живот

Каков срам во Јапонија! Воз тргнал 25 секунди порано

Јапонска железничка компанија се извини откако еден воз тргнал 25 секунди порано, што е втор ваков случај во последниве неколку месеци.

Операторот истакна дека непријатноста што ја создале за патниците „е навистина непростлива“.

Во ноември еден воз тргна 20 секунди порано, па и тогаш компанијата се извинуваше.

И како што се очекуваше, случајот стана хит на социјалните мрежи.

- Каков срам, Јапонија!!? Тргнување 25 секунди порано? Што ако можам да го фатам возот четири секунди пред да тргне!!? - напиша еден корисник на „Твитер“, очигледно саркастично.

Според јапонските медиуми, кондуктерот во возот мислел дека возот треба да тргне од станицата Нотогава во 07:11 наместо во 07:12 во петокот. Откако ги затворил вратите на возот една минута порано, тој ја увидел грешката и сѐ уште можел да го спречи срамот. Но, тој не забележал патници што чекаат, па заминал 25 секунди порано.

Јапонските возови имаат репутација на екстремна точност, а на крајот излезе дека сепак имало луѓе што се надевале да се качат во возот. Тие му се пожалиле на операторот и набрзо потоа беше објавено извинување.

Во случајот во ноември, менаџментот на „Tsukuba Express“ се извини за непријатноста. И во тој случај пораното заминување беше поради грешка на кондуктер, кој го згрешил времето на заминување, но тогаш немаше оставени патници.
Подготвил: Билјана Арсовска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот