Тинејџерите повеќе би се информирале за настаните преку „Јутјуб“ и другите социјални медиуми отколку од информативните агенции, покажува ново истражување.
Повеќе од половина од илјада тинејџери што учествувале во анкетата спонзорирана од „Срвеј Манки“ и организацијата „Комон Сенс медиа“ истакнале дека повеќе го сакаат „Јутјуб“ отколку докажани медиуми. Со оглед на неодамнешните вести за тоа како „Јутјуб“ промовира теории на заговор и други дезинформации, резултатите се несреќен поглед во иднината на медиумската писменост.
Од тинејџерите што се пуштаат на социјалните мрежи за вести, околу 60 отсто се потпирале на славни лица или инфлуенсери за да им кажат што се случува, покажува испитувањето. Исто така, тие истакнале дека разбираат оти нивните извори на вести се помалку доверливи од докажаните
медиуми.
- Не мора да значи дека знаеме дали тие инфлуенсери или славни лица имаат стандарди и етика или што откриваат. Дали тие се објективни извори? Колку е веродостојно нивното истражување? Има многу нешта што би требало да ги разберете за да знаете дали нешто е полегитимно. Сигурен сум дека е јасно кога го дознавате од славна личност, инфлуенсер или личност - истакна Мајкл Роб, директор за истражување во „Комон Сенс“.