X
 12.04.2016 Живот

Речиси секој кој е неуспешен е неуспешен поради иста причина

Едно истражување покажува дека луѓето кои веруваат во себе користат повеќе метакогнитивни функции од оние кои не веруваат во себе. Ова значи дека користат поголем процент од својот мозок и имаат поголема моќ за решавање проблеми.

Метакогнитивното размислување е особено важна за успех бидејќи со него личноста му приоѓа на проблемот од повеќе страни и го адаптира пристапот како што треба. Интересната работа во врска со очекувањата на личноста е дека тие влијаат и на другите луѓе.

Во 1960-те години, едно истражување од „Харвард“ ја покажало моќта на вербата во поглед на менувањето на однесувањето на останатите. Имено, кога на наставниците им било кажано дека некои деца биле паметни, тие деца добиле подобри резултати, не само во училницата, туку и на страндардните тестови за коефициент на интелигенција.

Навистина, добиваме најмногу од луѓето кога веруваме во нив. Истражување покажува дека ова се случува бидејќи кога веруваме во нечија способност со таа личност се однесуваме подобро отколку со луѓето за кои мислиме дека нема да успеат, им даваме повеќе шанси за успех, им даваме поточен и подобар коментар за нивната работа и трошиме повеќе време учејќи ги и советувајќи ги бидејќи мислиме дека вредат за времето.

Експертите го нарекуваат ефектот „ноцебо“ - кога дозволуваме сомнежот да ја прекрие вербата во нечија способност и тоа води до неуспех. Имено, во медицината, пациентите кои имаат слаби очекувања за медицинските процедури или третмани почесто добиваат послаби резултати од оние кои очекуваат успех.

Една од најважните работи кои може да ги направи секој е да бара шанса, пишуваат „QZ“. Само затоа што заслужувате покачување, унапредување или бенефиции не значи дека тоа ќе се случи. Мора да вложите труд и да одите и да го земете она што е ваше. Доколку се ограничуваме на она што ни е дадено, тогаш сме на милоста на другите.

Не треба да претпоставувате дека на луѓето ќе им се допаднете, туку треба да се трудите да ја заработите нивната почит; не треба да претпоставувате дека сите ќе знаат што сакате да кажете, туку да се обидете да ја разберете и другата страна; не треба да мислите дека нема да успеете бидејќи така ги ограничувате шансите за успех.

Конечно, вербата дека ќе успеете навистина ќе ги зголеми шансите за да успеете.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот