Што го прави едно семејство, она што е - семејство? Пред да одговорите, можеби би требало да го гледате филмот „Крадци“ на јапонскиот режисер Хироказу Кореде, добитник на Златната палма на овогодишниот филмски фестивал во Кан.
Можеби поентата на филмот „Крадци“ може да се најде во една сцена од филмот, кога едно момче зборува со неговиот татко за тоа како малите рипчиња ја победиле големата туна. Се здружиле и заедно формирале форма на голема риба, поголема и од туната, која се исплашила и побегнала.
-Но, тоа не е вистина, нели? Туната всушност ги изеде сите - се насмевна таткото.
Сепак, оваа сцена не е ништо со она што го нуди филмот - вистински конфликт меѓу срцето и главата.
Кореда нѐ запознава со едно доста проблематично семејство кое живее во предградие на Токио, на работ на егзистенцијата. Петчленото семејство, заедно со бабата, живее во една просторија. Никој не сака да им бидат соседи. Бабата ги растура исечените нокти на сите страни и крие пари каде ќе стигне. Таткото и синот заедно крадат од продавници. Мајката работи половина смена во некоја работилница за хемиско чистење. Притоа, секој има некоја мрачна тајна, за која другите членови не знаат. Но, сѐ додека се заедно - ретко ќе видите побогато, посреќно, поубаво и поздраво
семејство.