X
 12.04.2021 Наука

Во Египет откриен изгубен град стар 3.000 години

Египетски археолози откриле изгубен град стар 3.000 години. Градот е целосен - со куќи, артефакти и алатки од времето на фараоните. Градот бил откриен во јужната египетска провинција Луксор и се смета за најважно откритие од наоѓањето на гробот на Тутанкамон.

Градот е од периодот кога владеел кралот Аменотеп Трети од 18. династија, пренесува „Јуроњуз“.


Претходно имало повеќе неуспешни обиди да се пронајде овој изгубен град, сместен западно од Нил. Градот бил еден од најголемите административни и индустриски центри во тоа време.

Ископувањето на локацијата почнало минатата година при потрага по храм на кралот Тутанкамон. Наместо тоа, археолозите откриле голем добро сочуван град со ѕидини и разни предмети и алатки. На некои од циглите имало знак на кралот Аменотеп Трети.

Автор: Филип Ендру Чурм
Извор: euronews.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука