X
 12.04.2024 Живот

Најавена конференцијата за родители на деца и адолесценти - „Родителството во 21 век“

Следната сабота, на 20.4.2024 г., ќе се одржи третото издание на конференцијата „Родителството во 21 век“, на која ќе се дискутираат некои од најважните прашања во растот, воспитувањето и развојот на децата.

Конференцијата е наменета за сите родители на деца и адолесценти, а говорници ќе бидат едукатори и професионалци од областа на психологијата, педагогијата и дефектологија, кои ќе имаат свои предавања и потоа ќе одговараат на прашања од публиката.

Повеќе информации за говорниците може да се најдат на веб-страницата на организаторите.

Настанот ќе се одржи во конференцискиот дел на „Среќа бар“ во Скопје, со почетокот во 9:00 часот, а влезниците, кои ќе бидат по симболична цена од 700 денари (во кои влегуваат кафе-паузите), може да се купат преку Karti.com.mk на следниов ЛИНК.

На настанот се поканети да присуствуваат сите родители на деца и адолесценти, но и оние што допрва планираат да навлезат во родителството и повеќе да научат за системите за воспитување и одгледување.

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот