X
 09.12.2022 Живот

В среда ќе се одржи конференцијата „Жени претприемачи“ и ќе бидат прогласени победничките на изборот „Жена на годината“

Наредната среда (14.12.2022) во Музејот на македонската борба, по петти пат ќе се одржи конференцијата „Жени претприемачи“, која на едно место ќе вмрежи повеќе од 200 жени претприемачи кои ќе имаат можност за меѓусебно споделување искуства и знаења и истовремено ќе им бидат доделени статуетките на победничките во овогодишниот избор „Жена на годината 2022“.

Пред присутните свои презентации ќе имаат Ирена Јакимова, која ќе зборува на темата „Личниот развој на жената претприемач како најсилен фактор за раст на бизнисот“, Ксенија Николова на темата „Да се биде херој значи да продолжиш да се бориш и кога не знаеш дали ќе победиш“, фитнес-инструкторот Марио Јовановски ќе зборува „Зошто навистина ТРЕБА да вежбаме“, а Наташа Дуковска на темата „Интуицијата и чувственоста се наша, женска предност и да, и двете се поврзани со претприемништво!“ Кратка презентација пред присутните под наслов „Не се стигнува лесно до успехот, но штиклите и насмевката се одличен сопатник на патот!“ ќе одржи и психологот и лиценциран семеен системски психотерапевт Марија Коневска.

Во церемонијалниот дел на настанот ќе бидат прогласени овогодишните добитнички во изборот „Жена на годината“ (http://zenanagodinata.mk/ ) во вкупно 10 категории. Изборот се одвиваше на тој начин што најпрво имаше онлајн номинација од публиката (каде што учествуваа 402 граѓани), потоа се направи селекција на топ-5 кандидатки за секоја категорија (според најголем број номинации) и на крај одлучуваше жири-комисија составена од медиуми, бизнис-сектор, образовни институции и претставници од организаторот.

Картите за конференцијата се со цена од 3.000 денари, со тоа што со една купена карта следува уште една карта гратис која може да се подари. Картите се резервираат на следнава е-адреса: events@kasia.mk и може да се купат на фактура или со директна уплата на сметка 210-067036660110 (назив на примач: Актива Вел ДООЕЛ – Скопје, НЛБ Банка, цел на дознака: Учество на конференција Жени претприемачки).

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот