Биотехнолошка конференција во Бостон што се одржала минатиот февруари, организирана од „Бајоген“, доведе до најмалку 245.000 други случаи на заразени низ САД и Европа, покажува ново истражување на генските отпечатоци.
Се чини дека еден единствен случај бил одговорен за другите евентуални случаи, објави тимот од Институтот „Брод“ во Масачусетс.
Нивното истражување открило два посебни генски отпечатоци од вирусите поврзани со конференцијата. Научниците ги следеле тие лози низ САД. Еден бил извезен од Бостон во најмалку 18 американски држави, како и во други земји, вклучувајќи ги Австралија, Шведска и Словачка, пишува тимот предводен од Бронвин Мекинис, директор за геномско надгледување на институтот „Брод“, во научното списание „Сајнс“.
Еден отпечаток беше особено лош. Вирус кој пренесува една
мутација - мала генска промена означена како С2416Т - очигледно била пренесена на конференцијата од страна на една личност, а на крај заразила 245.000 луѓе. Подмножеството на вирусниот вид со мутација позната како G26233T завршило кај 88.000 од овие случаи.
- Ова имаше преголем ефект врз последователното пренесување затоа што беше засилено од преголемо распространување кај многу подвижна популација во раните денови на епидемијата, пред да бидат воведени многу мерки на претпазливост во јавното здравство. Додека Масачусетс учествуваше со најрано ширење поврзано со конференцијата, Флорида имаше најголем процент на случаи во целина - пишува тимот.
Тешко е да се документира настан каде што вирусот брзо се шири. Истражувачите мораа да покажат дека луѓето биле заразени и биле во контакт едни со други. Кога се вклучени десетици или стотици илјади луѓе, тоа е речиси невозможно.
Фото: Freepik
Но, генските отпечатоци направија тоа да биде возможно. Тимот од „Брод“ користел бази на податоци на вирусот за да ги следи овие индивидуални промени, познати како единечни нуклеотидни полиморфизми.
- Сметаме дека ова е важна приказна за импликациите на распространетоста, што е прилично важно сега кога влегуваме во екот на сезоната на празници и почнуваме со вакцинирањето, што може да не го намали пренесувањето - вели Мекинис.
Околу 200 луѓе присуствувале на конференцијата на „Бајоген“ во Бостон кон крајот на февруари минатата година, која се одржа пред да се воведат мерки на претпазливост. Компанијата оттогаш соработувала со истражувачите за да помогнат во проучувањето на тоа што се случило.
Мутацијата С2416Т можеби потекнувала надвор од САД. Истражувачите ја провериле глобалната база на податоци со примероци од коронавирус и ја пронашле мутацијата кај двајца француски пациенти на кои им бил дијагностициран САРС-КоВ-19 на 29 февруари. Во САД била најдена само кај пациенти поврзани со конференцијата во февруари.
- Ова посочува на пренесување на ниско ниво на заедницата на С2416Т во Европа во февруари 2020 година пред мутацијата да дојде во Бостон преку единствен вовед, што потоа беше засилен со распространетост на конференцијата - пишуваат истражувачите.
Со други зборови, една личност ја пренела оваа конкретна верзија на вирусот во Бостон и ја проширила.
Вториот вирусен отпечаток, G26233T, се чини дека се родил од конференцијата.
- Не е видена на друго место во ниту една база на податоци за јавни геноми пред случаите поврзани со конференцијата - пишуваат научниците.
Овие посебни отпечатоци овозможуваат практичен начин да се следи ширењето на вирусот од еден настан.
Мутацијата С2416Т брзо се раширила во Бостон, со што била присутна во 30 и 46 отсто од примероците во областа на Бостон во четири окрузи пролетта.
- До 1 ноември 2020 година вирусите што содржат С2416Т можеа да се најдат во 29 држави.
- Како компанија посветена на науката, ја разбираме вредноста на податоците што дојдоа од првиот бран на пандемијата во областа на Бостон и се надеваме дека информациите собрани од овие податоци ќе помогнат и понатаму да се поттикне подобро разбирање на преносот на овој вирус и напорите за негово решавање - велат од биотехнолошката компанија „Бајоген“.
Фото: Freepik