Нелсон Мандела отсекогаш ги инспирирал луѓето да бидат подобри, похумани, поотворени, и со самото тоа послободни и поуспешни.
„Кој било човек или институција што ќе се обиде да ми го украде достоинството, ќе изгуби“.
„Заборавете го минатото“.
„Подобро е да водите од задните редови и да ги оставите другите напред, особено кога славите победа и кога се случуваат убави работи. Преминете во првите редови кога постојат проблеми и опасности. Тогаш луѓето ќе го ценат вашето водство“.
„Образованието е најмоќното оружје што можете да го искористите за да го промените светот“.
„Секогаш се чини невозможно сè додека не биде направено“.
„Научив дека храброста не е отсуство на страв, туку триумф над него. Храбриот човек не е оној што не чувствува страв, туку оној што го освојува стравот“.
1. Барајте да ве почитуваат
Вие одлучувате како сакате луѓето да ве почитуваат во животот. Ако не барате почит од другите и од себеси, тогаш никогаш нема да ја имате.
2. Покажете им дека не биле во право
Осудувањата и етикетите што луѓето ви ги даваат се ваши ако дозволите. Наместо да ве дефинира нечие мислење, искористете го за да бидете похрабри и помудри.
3. Користете го времето паметно
Времето на Земјата ви е ограничено. Оставете го минатото и не грижете се за иднината. Фокусирајте ја енергијата да станете најдобрата можна верзија од себеси.
4. Не грижете се за етикетите
Делата и вниманието се она што ги води луѓето напред.
5. Бидете скромни
Скромноста е една од најголемите доблести во животот. Ако имате храброст да се гледате себеси искрено, тогаш вие сте скромни.
6. Имајте херои
Хероите не се само за децата. На сите ни се потребни луѓе што ќе ни бидат инспирација.
7. Застанете зад она што го мислите
Не плашете се да застанете зад она што го мислите. Важно е да се едуцирате во животот и да имате сопствено мислење наместо да ја следите толпата.
8. Управувајте со вашите емоции
Колку е поинтензивна вашата емоционална состојба, толку помалку можеме да мислиме и да се бориме да комуницираме јасно. Вие ја имате моќта да управувате со вашата емоционална состојба.
9. Бидете страсни за она што го браните
Бидете страсни и силно поддржувајте го она за кое се залагате.
10. Зборувајте со убедување
Верувајте дека она што треба да го кажете е вредно за светот. Вие сте моќна личност и имате право да бидете слушнати. Зборувајте ја вашата вистина.