X
 15.09.2016 Наука

Научниците размножиле глувци без користење на оплодени јајца

За прв пат, научниците успешно размножиле глувци без користење на оплодени јајца, а резултатите може да бидат добра вест за животните од загрозен вид со низок број на женки, а еден ден ова би била одлична можност и за луѓето.

 

2


Експериментот, извршен од ембриолози во Универзитетот во Бат во Велика британија исто така укажува дека јајце клетките не се од витално значење за репродукција како што претходно се претпоставуваше. Тимот кој работел на експериментот вели дека сосема доволна замена би била и клетка на кожата.

„Ова е прв пат да се постигне ваков развој со инјектирање на спермата во ембрионите“, вели Тони Пери, еден од членовите на тимот.

„Нашата работа ја предизвикува догмата во која се веруваше уште откако првите ембриолози ги набљудувале јајцата на цицачите околу 1827 година, и го набљудувале оплодувањето 50 години подоцна - дека само оплодените јајце клетки со клетки од спермата може да резултираат во живо раѓање на цицачи“, додава тој.

Успехот укажува и на тоа дека и нешто друго може да ја „репрограмира“ спермата за таа да овозможи ембрионален развој.

 

2


Досега, никој не успеал да покаже дека било кој друг вид на клетка е способна за комбинирање со спермата за да произведе потомство, и со докажување дека оваа претпоставка не е точна, тимот ја отвори можноста за други видови на клетки способни за нешто слично.

„Она за кое зборуваме се различни начини на создавање на ембриони. Замислете дека можете да ги користите клетките на кожата и да направите ембриони од нив“, вели Пери.

За експериментот, тој и неговиот тим извлекле неоплодени јајца од женските глувци, и откриле како да ги намамат да станат „псевдо-ембриони“.

Претходните истражувања покажаа како можете да земете неоплодени јајца од глувци и да ставите во хемиска „бања“ која содржи тип на сол наречена стронциум хлорид (SrCl2) и во основа можете да ги измамите да се поделат во „ќерки“ клетки, како да биле оплодени од клетките на спермата.

Кај одредени видови рептили, псевдо-ембрионите можат да пораснат во совршено здрави потомства - такашто воопшто не се потребни мажјаци - меѓутоа кај цицачите, тие никогаш не би преживеале, и обично изумираат во рок од неколку дена.

Истражувачите одлучиле да видат што ќе се случи ако инјектираат сперматозоиди во нивните нови поделени ќерки клетки и откриле дека овие псевдо-ембриони преживеале надвор повеќе од предвидените неколку дена.

Затоа, тие имплантирале ембриони во женските глувци и откриле дека тие родител 30 малечки со стапка на успех од 24%. Досега новороденчињата се совршено здрави. Некои дури имале и свои потомства преку традиционалниот начин.

„Колку што можеме да кажеме, бебињата глувци се нормални и здрави. Проверивме колку долго живееја и откривме дека нивниот животен век е сличен, а во некои случаи и подолг“, изјави Пери.

Сега, сигурно се прашувате кое е тоа толку големо откритие бидејќи во основа научниците искористиле јајце клетка и сперматозоид за да создадат бебиња - клучот е во тоа што ќерките клетки произведени од псевдо-ембрионите се сосема различни од ќерките клетки произведени од оплодената јајце клетка.

„За разлика од нормалните јајце клетки, тие можат да се поделат за да формираат нови клетки, за кои Пери вели дека ги прави повеќе како другите клетки во телото, како на пример кожата“, вели Енди Коглан.

Следниот чекор е тимот да го повтори истиот процес, но овој пат да ги заменат неоплодените јајца со клетки на кожата, за да видат дали може да успее.

Се разбира, примамливо е да се размислува за можноста да се создадат бебиња од сперматозоиди и клетки на кожата, меѓутоа е премногу рано за да се каже дали техниката ќе функционира. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука