Истражувачи од Универзитетот во Тел Авив утврдиле дека пареата во атмосферата има потенцијал да стане изводлив извор на обновлива енергија.
Засега, волтажата генерирана во нивните експерименти е екстремно ниска. Но, ако се зголеми, тие велат дека феноменот би можел да се користи за полнење батерии.
- Ако АА батерија е 1,5 V, може да има практична примена во иднина: за развивање батерии што може да се полнат од пареата во воздухот - истакнува Колин Прајс, истражувач од Универзитетот во Тел Авив и коавтор на труд за истражувањето објавен минатиот месец во „Нејчр“.
Основниот природен феномен зад откритието е зашто во природата има громови.
- Електрицитетот во грмежите се генерира само со вода во нејзините различни фази - водена пареа, водени капки и мраз. 20 минути развој на облак е како стигнуваме од водени капки до огромни електрични празнења - громови - некои долги околу половина милја - истакнува Прајс.
Научни откритија утврдиле дека водените капки во воздухот може да напојуваат метални површини. Во нивното истражување, научниците од Тел Авив се посветиле на тој феномен и утврдиле дека волтажата се развивала само кога релативната влажност во воздухот се зголемувала над 60 отсто - атмосферски услови кои се екстремно чести во светот.
Тие утврдиле дека материјалите како цинк и не'рѓосувачки челик добивале полнење од околу еден волт.
- Водата е многу специјална молекула. За време на молекуларните колизии може да префрли електрично празнење од една молекула на друга. Преку триење, може да се создаде вид статички електрицитет - објаснува Прајс.
Напојувањето собрано од влажноста на воздухот на крајот може да се користи како извор на зелена енергија, смета тој.
Истражувачите велат дека технологијата може да има влијание во земјите во развој, каде што голем дел од заедниците немаат редовен пристап до електрична енергија, но влажноста на воздухот е голема.