X
 12.07.2018 Образование

Наставна програма за среќа - Во училиштата во Њу Делхи децата учат како да бидат добри луѓе

Учениците од државните училишта во Њу Делхи почнаа да учат како да бидат среќни во рамките на наставната програма за среќа, создадена од далај-лама.

Во новата иницијатива што се фокусира на „холистичка едукација“ учествуваат 800.000 ученици од претшколска возраст до тинејџерски години, во повеќе од илјада училишта.

- Индија е единствена држава што може да го спои модерното образование со древното индиско знаење - порача лидерот на тибетанските будисти и добитник на Нобеловата награда за мир.

sreka

- Ова е потребен предмет за учениците да знаат како да се соочат со деструктивните емоции во светот. Она што ќе започне во училиштата во Делхи може да има влијание врз целиот свет - додава далај-лама.

Наставната програма се фокусира на дневното вежбање на таканаречената концентрирана свесност или медитација, морално учење, ментални вежби и активности чија цел е да ги научат учениците да бидат добри луѓе.

Фокусот ќе биде на менталното здравје, карактерот и отпорноста, затоа што нивото на среќа и здравје се намалуваат, додека нивото на стрес, тага и депресија растат.

Њу Делхи не е првото место во Индија во кое државата се вклучи во иницијативите за ширење на среќата. Владата во 2016 година во централната покраина Мадја Прадеш воспостави „оддел за среќа“, кој работи на среќата на локалните жители. Од оваа иницијатива беше мотивиран и Бутан, кој од 70-тите години ја мери среќата со својот индикатор „GNH.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование