Руски експерти препорачуваат да се консумира половина црно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме дење бидејќи е висококалоричен производ што нè прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите.
- Ако јадете темно чоколадо со удел на какао од најмалку 50 отсто, тогаш просечната количина што треба да се консумира е околу 50 грама на ден. Може да си каснете и повеќе, ако се занимавате со потешка физичка работа или со спорт - смета проф. Алексеј Буверов од Универзитетот „Сеченов“ во Москва, Русија.
Темното чоколадо е здраво и содржи поголема концентрација на какао и други полезни компоненти.
- Сега го проучуваме и благотворниот ефект на холестеролот врз метаболизмот. Односно, и покрај тоа што чоколадото содржи масти, флавоноидите ги намалуваат нивоата на холестерол - објаснува Буверов.
Според него, црното чоколадо има и компоненти што го заштитуваат црниот дроб, но предупредува дека може лошо да влијае врз панкреасот.
Светскиот ден на чоколадото се одбележа вчера. Традицијата ја започнале Французите, а оттаму се проширила низ цела Европа.
Извор: МИА