X
 12.07.2021 Спорт

Улиците во Италија гореа синоќа: Како се славеше победата против Англија?

Огромен број Италијанци вчера излегоа на улиците и плоштадите по победата на италијанската репрезентација на финалето на Европското првенство во фудбал (УЕФА ЕУРО 2020). Италија ја победи Англија по изведувањето пенали на стадионот „Вембли“. Италијанците успешно изведоа три пенали, еден повеќе од Англичаните, откако резултатот остана 1-1 и по продолженијата.

Италијанската репрезентација ја водеше до победа тренерот Роберто Манчини. Во 2018 г. земјата не успеа ниту да се квалификува за учество на Светското првенство во фудбал. Италија последен пат го освоила Европското првенство во 1968 година.

- Голема благодарност до Роберто Манчини и нашите играчи кои добро ја претставија Италија и му донесоа чест на спортот - изјави претседателот на Италија, Серџо Матарела, пренесува „Ројтерс“.

Видеа објавени на „Јутјуб“ и социјалните мрежи го покажуваат славењето на Италијанците во државата. Може да се видат луѓе во фонтани и на плоштадите во главните градови во Италија, но и во други земји.










Извор: Reuters
Фото: Screenshot/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт