X
 12.07.2022 Живот

Полагала за возачка дозвола наместо 150 кандидати пред да биде фатена

Жителка на Велс била уапсена откако полагала теоретски и практичен возачки испит наместо други кандидати дури 150 пати. Таа ќе остане во затвор 8 месеци.

Индирџит Кор, која има 29 години, признала дека полагала наместо други кандидати помеѓу 2018 и 2020 година. Од полицијата откриле дека таа ги полагала тестовите наместо луѓе кои имале тешкотии со англискиот јазик.



Полицијата дознала за случајот откако добила пријава за сомнение дека Кор се претставувала како други лица кои требало да полагаат тест за возачка дозвола.

Извор: BBC
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот