Кардиоваскуларните болести се најголема причина за смрт во светот. За здравјето на срцето се битни многу фактори, а има начини на кои може да се проверува, како редовните медицински прегледи. Ново истражување покажува едноставна техника за проверка на здравјето на срцето, а таа вклучува само скали.
Во истражувањето претставено на научен конгрес на Европското општество за кардиологија,
истражувачи спровеле тест со скали во кој испитаниците го мереле времето на искачување на скали како показател за здравјето на срцето.
Во истражувањето учествувале 165 луѓе со симптоми на срцева болест, кои правеле повеќе физички активности кои требало да го проверат здравјето на нивното срце. Една од вежбите била искачување 60 скали (четири ката) без трчање или застанување. Научниците го мереле времето што им било потребно на испитаниците да ги искачат скалите и потоа им ја провериле здравствената состојба на срцето.
Фото: Pixabay
Според податоците, оние што можеле да ги искачат скалите за помалку од 45 секунди имале здраво срце, а оние што ги искачувале скалите за над 1,5 минута имале помалку здраво срце.
Во истражувањето, помалку од една третина од испитаниците што го завршиле тестот под една минута покажувале знаци на абнормално работење на срцето. Од друга страна, над половина од испитаниците што ги искачиле скалите за над 90 секунди имале абнормално работење на срцето.
Доктор Јесус Петеиро, кој бил вклучен во истражувањето, вели дека тестот со скалите е лесен начин за проверка на здравјето на срцето. Доколку ви требаат над 90 секунди да искачите четири ката, можеби треба да посетите лекар.
Автор: Ешли Лал
Извор:
firstforwomen.com