X
 24.10.2015 Култура

Единственото место во светот кадешто војната е забранета

Тешко е да се поверува, но во 1959 година, САД, тогашниот Советски сојуз и 10 други земји успешно ја потпишале Антарктичката спогодба. Се работи за меѓународен договор со кој се охрабрува заедничка работа за напредување на науката, но и се забранува било каква војна на целиот континент Антарктик.


Истражувањето на Антарктикот започнало некаде за време на средината на 19-от век. Првата експедиција на Јужниот пол стигнала таму во 1911 година. Територијалните „битки“ започнале во 1908 година, а оттогаш до 1943 година сопственост над континентот побарале седум земји: Аргентина, Чиле, Австралија, Велика Британија, Нов Зеланд, Норвешка и Франција.

Меѓународната геофизичка година ги поставила основите за меѓународна соработка откако 12 земји спроведувале големи научни истражувања на Антарктикот во период од 18 месеци. Покрај споменатите земји, тука биле вклучени и САД, Советски сојуз, Јапонија, Белгија и Јужноафриканска република.

Сите овие биле повикани од страна на Обединетите нации во Вашингтон во 1959 година на конференција за Антарктикот која завршила со потпишувањето на спогодбата.

Договорот стапил на сила во 1961 година. Во договорот се гарантира заштита за континентот и намалување на тензиите за териториската припадност. Во договорот се бара и продолжување на научните проекти од страна на вклучените земји.

Оттогаш, договорот бил дополнуван во поглед на вклучени земји и членови во спогодбата. Во 2015 година, 53 земји се вклучени во спогодбата со интерес за научни истражувања на континентот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура