X
 11.03.2021 Наука

На ова место карпи од Земјиниот плашт се излезени над морската површина

Некаде помеѓу Антарктикот и островот Тасманија се наоѓа мало парче земја кое е од големо значење, а е малку познато. На островот Меквари никогаш трајно не се населиле луѓето, но бил дестинација на многу истражувачи, а претходно и на риболовци.

Островот им е добро познат на геолозите, а причината за тоа е бидејќи тој е едно од малкуте места на Земјата на кои карпи од Земјиниот плашт се излезени над нивото на морската површина. Островот е резултат на истите геолошки процеси како и Хималаите. Хималаите се создале кога тектонската плоча на која лежи Индискиот Потконтинент се судрила во тогашниот суперконтинент, пред 50 милиони години.


Фото: Wikipedia

На сличен начин, островот Меквари се појавил при судар помеѓу Индо-австралиската плоча и Тихоокеанската плоча. Највисоката точка на островот Меквари е висока 410 метри, но на островот може да се видат делови од океанската Земјина кора и делови од Земјиниот плашт над морското ниво.

Истражувачите ги користат овие карпи за истражувачки цели. На островот може да се видат карпи кои биле на длабочина од 5 километри под морската површина.

Островот бил откриен од Фредерик Хаселборо, кој го прогласил за британска територија. Тој пронашол остатоци од брод, поради што се претпоставува дека на островот живееле и други луѓе. Хаселборо открил и огромна колонија на кралски пингвини, албатроси и многу фоки. Биодиверзитетот се сменил на островот како што луѓето почнале ја експлоатирале природата. Последните години Австралија прави напори за зачувување на домородните видови на островот.

Извор: atlasobscura.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука