X
 12.08.2024 Живот

Хотел за најхрабрите: Би преноќиле ли во капсули над провалија?

Хотелот „Ово Патагонија“ може да се опише како сместување само за најхрабрите, имајќи предвид дека стигнувањето дотаму вклучува планинарење „виа ферата“ (спортско искачување) и преноќување во капсули кои „висат“ над бездна.

Сместувањето се состои од проѕирни капсули кои висат од камен ѕид на речиси 275 метри висина. Пристапот вклучува пешачење длабоко во аргентинската Патагонија, проследено со виа ферата искачување. Потребни се појаси, шлемови и значителна количина на храброст за искуството.

-Сакаме да доживееме уникатни искуства во контакт со височините и во контакт со нашето најинтимно искуство за излегување од нашата комфорна зона. Тоа е всушност нашиот слоган: излезете од вашата комфорна зона на удобност - изјавил Езекиел Руте, коосновачот на „Ово Патагонија“.

Аргентинскиот авантурист повеќе од една деценија практикува одење со сајла меѓу планинските масиви, заедно со коосновачот на хотелот, архитектот Луис Апарисио.

По повеќе од три години работа со специјализиран тим од планинари, инженери и геомеханички техничари, во декември го отвораат она што го најавуваат како највисокиот хотел во светот и најизложен на природните сили. Она што го продаваат е многу повеќе од ноќно гледање ѕвезди во Патагонија.

 
Иако ветрот е речиси загарантиран, а вртоглавицата е реална можност, Руете нагласува дека „Ово Патагонија“ е за секој луксузен патник со разумно ниво на фитнес и чувство за авантура. Искусни планински водичи ги придружуваат гостите нагоре и надолу, доставуваат вечера и појадок и спијат во близина со вклучено радио. Гостите можат да контактираат со нив во секое време доколку им треба што било.

Гостите резервираат ноќевање од 1.600 долари за двајца, заедно со три ноќевања (не е вклучено во цената) во блиската „Естанција Бонанза“. Започнуваат со движење од градот Ел Чатлен, каде што им даваат ранци и опрема. Оттаму, тоа е околу еден час пешачење до просторот за поставување, по што следи пет минути виа ферата (систем од платформи и скали; без спуштање) што ги носи до нивната капсула.

Секоја од четирите капсули има дизајн на три нивоа и многу карактеристики на луксузна хотелска соба. На најгорното ниво има кадифен кревет кој го исполнува најголемиот дел од просторот. Средното ниво е за дневната соба, мала трпезариска маса и бањата во која има тоалет и проточна вода за мијалник. Мрежата слична на нишалка на најниското ниво нуди уште еден простор за одмор.

 

Инженерите ги документирале нивните студии и процесот и сите биле потврдени од врвни инженерски училишта. Тоа е смирувачко за секој кој може да биде загрижен за лабавите завртки на капсулите.

Извор: klix.ba

Фото: Instagram

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот