„ОпенАИ“, компанијата која е сопственик на „ЧетГПТ“, потврдила дека има подготвена алатка која ќе помогне да се разоткријат студентите кои мамат на испити. Наводно, „ОпенАИ“ работи на алатка за означување на текст или воден печат, што има висок степен на точност и може да открие есеј или текст е генериран со помош на „ЧетГПТ“.
Во ажурирањето на својот официјален блог објавено на 4 мај, од „ОпенАи“ истакнале:
-Нашите тимови развија метод за воден жиг на текст што продолжуваме да го разгледуваме додека истражуваме алтернативи.
„Волстрит журнал“ фрли светлина врз оваа нова алатка за воден жиг на текст од „ОпенАИ“, но дебатата за тоа дали алатката треба да биде објавена или не, сè уште не е стивната.
„ОпенАИ“ го гледа водењето на текстот како комплементарна алатка за решенија, како што се класификатори и метаподатоци. Компанијата, наводно, ги кажала своите причини зошто алатката за форматирање текст, која требаше да биде оригиналното решение, не ја виде светлината на денот. Оттаму додале дека тоа може „непропорционално да влијае врз некои групи. На пример, тоа би можело да ја стигматизира употребата на вештачката интелигенција, како корисна алатка за пишување за оние што не зборуваат англиски како мајчин јазик“.
Засега, компанијата ги проценува ризиците поврзани со ослободувањето на алатката за форматирање на текст, бидејќи веројатно ќе влијае на поширокиот екосистем надвор од „ОпенАИ“. Компанијата понатаму забележала дека има приоритет на објавувањето на алатки за автентикација, за аудиовизуелна содржина.
За оние кои не знаат, „ЧетГПТ“ е систем за вештачка интелигенција во сопственост на „ОпенАИ“. Слободно е достапен и бесплатен на интернет. Овозможува комуникација на човечки природен јазик. Се користеше за голем број намени во текот на изминатите две години, вклучувајќи и некои не толку благородни. Дали на ова ќе му дојде крајот останува да видиме.
Извор: bajtbox.com
Фото: Freepik