X
 26.06.2023 Култура

Луѓето тврдат дека новиот документарец на „Нетфликс“ е најшокантниот што некогаш го гледале

Документарецот „Грижи се за Маја“ (англ. Take Care of Maya) е прогласен за еден од најтрогателните. Дејството се одвива околу едно семејство кое ја носи својата ќерка во болница.

Уште од раното детство Маја, ќерката на Џек и Беата Ковалски, почнала да страда од хронична болка. Нозете ѝ се свртиле навнатре, чувствувала дека кожата ѝ гори и постојано плачела.

Нејзините родители итно ја однеле во детската болница „Џонс Хопкинс“ во Флорида, но работите добиле ужасен пресврт кога било откриено дека мајката на Маја, која била медицинска сестра, била обвинета за злоупотреба на детето.

Мајката била обвинета дека има Минхаузенов синдром и дека намерно измислувала лажни симптоми и предизвикувала вистински симптоми за да изгледа дека детето е болно. По три месеци Беата си го одзела животот.

Раскажан преку различни аудиоснимки што самата Беата ги документирала, изјави и интервјуа со семејството Ковалски, документарецот остава длабок впечаток кај гледачите, а некои го опишуваат како исклучително моќен.

- Само што завршив со гледањето на „Грижи се за Маја“ и емотивно сум исцрпена. Тоа е еден од најпотресните документарци што некогаш сум ги гледал - вели еден од интернет-корисниците.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура