Уметничко име
Мајката на Ди Каприо одлучила да го крсти Леонардо уште кога била бремена - додека била во посета на еден италијански музеј и додека ја гледала сликата на Леонардо да Винчи, таа првпат го почувствувала клоцањето на малиот Леонардо.
Но неговиот агент му предложил да го промени неговото име бидејќи било премногу етничко, а со тоа не би можел да добие многу улоги.
„Кога имав 11 години, отидовме кај еден агент кој сакаше да го промени моето име во Лени Вилијамс“, вели Лео.
Глума
Шерон Стоун толку очајно сакала да глуми заедно со Леонардо ди Каприо во филмот „The Quick and the Dead“, што таа се согласила да му ја плати половина плата.
„Толку сакав да глуми во филмот, а немаше повеќе финансии. Лео беше многу добар. Тој е еден од најдобрите актери што сме ги имале со децении. Неговиот талент, неговата дарба е неверојатна“, вели таа.
Од непријатели до пријатели
Марк Валберг открива дека Леонардо ди Каприо не сакал тој да глуми во „Кошаркарските дневници“.
„Преку мене мртов. Марки Марк нема да биде во овој филм“, рекол Леонардо.
На крајот, директорот на кастингот успеал да го убеди Ди Каприо да му даде шанса на Валберг. На крајот, Валберг и Ди Каприо станале одлични пријатели.
Улогите што ги одбил
Ди Каприо е многу пребирлив кога станува збор за филмовите во кои планира да глуми, така што, низ годините има одбиено многу улоги.
За филмот „Хокус Покус“ тој одбил повеќе пари отколку што можел да сонува.
„Не знам од каде добив храброст“, изјави тој во 2014 година.
„Живеете во средина каде што сте под влијание на луѓе кои ве уверуваат да направите многу пари. Но ако постои едно нешто на кое би бил горд, тоа е дека како млад човек се држев до сопствените ставови и уверувања“, вели тој.
Постоела можност за улога во филмот „Мулен Руж“, после средбата со режисерот Баз Лурман. „Сфатив дека не сум подготвен за мјузикл затоа што мислам дека имам прилично нескротлив глас“, вели Ди Каприо.
Секако, се согласил да испее песна за режисерот. „Кога ја погодив високата нота, Лурман се сврти кон мене и ми рече: 'Не знам дали овој разговор треба да продолжи'“.
Исто така, при средбата со режисерот Џоел Шумахер за улогата на Робин во „Бетмен Засекогаш“, Ди Каприо вели дека ја одбил бидејќи не бил подготвен.
Со Џорџ Лукас дискутирале за глумење на Анакин Скајвокер во „Војна на ѕвездите“, меѓутоа, како што вели, ја одбил улогата бидејќи едноставно не се чувствувал доволно спремен да се нурне во една таква актерска авантура.
И за улогата во „Спајдермен“, Ди Каприо се заблагодарил, и ја одбил.
„Беше ситуација слична на Робин, за која не се чувствував подготвен да облечам таков костим“, објаснува тој.
Средби со смртта
Ди Каприо има среќа што е жив, со оглед на тоа што неколку пати успеал да ѝ избега на смртта.
Првиот пат тој имал средба со ајкула.
„Голема бела ајкула скокна во мојот кафез кога нуркав во Јужна Африка. Ајкулата ја отвори устата неколку пати, а беше на неколку чекори од мене. Момците од таму ми кажаа дека вакво нешто се немало случено во последните 30 години“.
После тоа бил инцидентот на летот со „Делта ерлајнс“ во Русија.
„Бев во бизнис-класа. Моторот експлодира пред моите очи. Ги исклучија сите мотори неколку минути - седевме во авионот без апсолутно никаков звук. Сите во авионот молчеа. Беше нереално искуство. Штом ги вклучија повторно моторите, принудно слетавме на аеродромот ЏФК“, се присетува Лео.
И на крај, тој имал тандемска падобранска несреќа кога првиот падобран не се отворил бидејќи бил заглавен.
„Направивме уште еден слободен пад, што траеше пет до десет секунди. Не ни помислив на другиот падобран, размислував само дека ќе умреме. Тој го повлече вториот, а и вториот беше заглавен. Долго време го тресеше, и конечно се пушти“, вели Ди Каприо.