X
 12.12.2018 Живот

Забораваш каде си тргнал - ова се европските престолнини со најголем сообраќаен метеж

Во голем број европски метрополи сообраќајниот метеж е најголем проблем за возачите, а сега е прогласена новата престолнина со најголем метеж.

Според листата на компанијата INRIX, Москва се соочува со најголем сообраќаен метеж и возачите во руската престолнина минале 91 час чекајќи во застоите.

Ситуацијата не е подобра ни во Лондон, како ни во Париз, кои се второ и третопласирани на листата. Во текот на претходната година возачите во британската престолнина минале 74 часа на патиштата, додека тој број во Париз изнесувал 69 часа.

На четвртото место е Истанбул, на петтото Осло итн.

Ова се градовите каде што возачите минуваат часови и часови зад воланот чекајќи да помине шпицот.

  • Москва - 91 час
  • Лондон - 74 часа
  • Париз - 69 часа
  • Истанбул - 59 часа
  • Осло - 46 часа
  • Берлин - 44 часа
  • Мадрид - 42 часа
  • Брисел - 39 часа
  • Рим - 39 часа
  • Варшава - 35 часа
  • Стокхолм - 34 часа
  • Луксембург - 33 часа
  • Даблин - 30 часа
  • Амстердам - 30 часа
  • Братислава - 29 часа
  • Берн - 28 часа
  • Прага - 24 часа
  • Копенхаген - 24 часа
  • Хелсинки - 24 часа
  • Будимпешта - 24 часа
  • Лисабон - 22 часа
  • Љубљана - 21 час
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот