X
 12.12.2019 Живот

Американската војска тестира подводни куршуми?

Американската команда за специјални операции наводно тестира куршуми кои може да се испукуваат и под вода, пренесува „Фјучуризм“. Обичните куршуми значително забавуваат под вода и претставуваат мала закана затоа што водата е осум пати погуста од воздухот.

Целта е да им се овозможи на нуркачите, војниците во морнарицата кои се тренирани во подводни средини, да напаѓаат бродови од под површината или за да може екипажот во хеликоптерите да напаѓа подморници.

Изведувачот „Ди-ес-џи технолоџис“ направил куршум чиј врв е облиен со волфрам, што му овозможува да создава мали меурчиња пред него - процес кој се нарекува суперкавитација. Меурчињата го редуцираат задржувањето.

„Ди-ес-џи технолоџис“ ја покажа својата муниција на полигон надвор од Фејетвил, Северна Каролина, преку испукување на „Colt AR-15“ преку 13 блока балистички желатин дебел 40 сантиметри.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот