Ако сте гладни, во овој град гарантирано убаво ќе се најадете. После Лондон, Единбург е градот со најголем број ресторани што се гордеат со Мишелинови ѕвезди...
Земјата на природната убавина, највкусното виски и популарните килтови, се гордее со својот главен град, Единбург. Стар град со долга традиција (во вистинската смисла на зборот), богата култура, неверојатни ресторани и недоброј паркови за релаксација, рај за велосипедистите. Ако некогаш патот ве однесе во Единбург, обрнете внимание на следниве неколку работи:
1. Градот е популарно туристичко место во кое годишно се собираат 4 милиони туристи, а изразено во економска вредност значи дека во буџетот им се слеваат повеќе од милијарда фунти.
2. Ако сте гладни, тука со сигурност добро ќе се најадете. Градот е преполн со ресторани одликувани со Мишелинови ѕвезди за квалитет.
3. “Зелениот рај” е прва асоцијација што ќе ви падне на памет кога ќе го посетите Единбург за првпат. Во градот има 112 паркови, што значи поголем број паркови по глава на жител од кој било друг град во Обединетото кралство.
4. Особено се почитува велосипедот како превозно средство, за што говори и фактот што во Единбург постои велосипедска патека во должина од нешто повеќе од 70 километри.
5. Првиот град во светот кој имал противпожарна служба е токму Единбург.
6. Славната енциклопедија
Британика првото издание го имаше во Единбург во 1768 година.
7. Жителите на Единбург во 17 век на челото си палеле измет од гулаби, бидејќи верувале дека така ќе си ја излечат ќелавоста.
8. Познатиот писател Артур Конан Дојл, авторот на
Шерлок Холмс, е роден во Единбург, а се претпоставува дека ликот на славниот детектив го создал според професорот Џозеф Бел, познат хирург од 19 век.
9. Кога сме веќе кај книжевноста, да споменеме дека писателката Џ. К. Роулинг, првиот роман за животот на малиот волшебник,
Хари Потер, го напишала токму во Единбург.
10. Се лажете ако мислите дека во Единбург е врнежливо како и во остатокот на Островот. Имено, тука годишно паѓа помалку дожд во споредба со Рим, Франкфурт и Њујорк.