Саудиска Арабија, еден од најголемите светски производители на сирова нафта, соопшти дека нејзините нафтени резерви изнесуваат 268,5 милијарди барели, што е повеќе отколку што се мислеше досега.
Ријат претходно извести за 266,3 милијарди барели.
Саудиското министерство за енергетика исто така извести и за зголемување на резервите на гас. Министерот Халид ал-Фалих истакна дека цената на експлоатација на тие резерви е меѓу најниските во светот и дека тие се најпрофитабилни.
Изјавата доаѓа во време кога се прават планови за евентуално излегување на берзата на саудиската нафтена компанија „Арамко“, иако Ал-Фалих рече дека евентуалната приватизација на дел од компанијата нема да ги вклучува нафтените резерви на ултраконзервативното
кралство.