X
 27.06.2022 Живот

Попаметните луѓе се посреќни кога се сами

Истражување покажува дека чувството што го имаме кога сме со други луѓе е последица на еволуцијата. Истражувањето објавено во 2016 година открило и дека иако повеќето луѓе се среќни кога се со пријателите, попаметните луѓе се посреќни кога се сами.

Трудот бил изработен од научници од Сингапурскиот универзитет за менаџмент и Лондонската школа за економија и политички науки. Тие ја истражувале теоријата на среќа во савана, според која луѓето реагираат на околностите онака како што би реагирале предците бидејќи психолошки еволуираат според потребите на предците кои живееле во савани.

Според истражувањето, луѓето генерално се помалку среќни во погусто населени подрачја бидејќи нашиот мозок е навикнат да функционира во групи од околу 150 луѓе.


Фото: Pixabay

Според истражувачите, податоците покажале и дека добрите пријателства го зголемуваат задоволството од животот кај повеќето луѓе.

Меѓутоа, спротивното се случува кај високо интелигентните луѓе. Попаметните луѓе се чувствуваат посреќни кога се сами отколку кога се со други луѓе. „Здравиот“ социјален живот кој се препорачува го намалува задоволството од животот кај луѓето со висока интелигенција.

Извор: Lola magazin
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот