Студенти, професори, вработени во Природно-математичкиот факултет од Скопје утрово организираа еколошка акција во која чистеа ѓубре во Општина Гази Баба. За една недела ова е втора акција што ја организира овој факултет, кој се наоѓа во Гази Баба.
Вработените заедно со студентите покажаa позитивен пример како треба да се однесуваме кон нашата околина.