Јохан Ванденек е самоук фотограф кој фотографира со помош на дрон. Како што вели тој, научил како да фотографира со дрон откако гледал еден куп јутјуб-видеа.
Со оглед на тоа што неговите фотографии се прилично неверојатни, сега тој организира и мастер-часови за фотографирање со беспилотни летала за да им покаже на аматерите-фотографи како да прават неверојатни
фотографии.
Јохан почнал да го создава неговото портфолио пред две години за време на патување со неговата девојка низ Југоисточна Азија, Австралија и Јужна Америка откако и двајцата ги напуштиле работните места. Инстаграм-корисниците биле прилично воодушевени откако Јохан почнал да објавува слики на својот профил.
Погледнете дел од неговите фотографии.
Извор:
Daily Mail
Фото:
Johan Vandenhecke