X
 08.10.2019 Наука

Погледнете ја првата снимка од растење на вирус

Првпат истражувачи го снимија формирањето на индивидуални вируси во реално време и снимката би можела да обезбеди нови увиди за тоа како најдобро можеме да се бориме против вирусите.

Во труд објавен неодамна тимот од Школата за инженеринг и применети науки „Џон Полсон“ при „Харвард“ ги наведува деталите за тоа како ја направил снимката користејќи специјализиран микроскоп и техника наречена „интерферометричка распрскувачка микроскопија“.

- Нашата техника го дава првиот поглед во тоа како се собираат вирусите и ги открива кинетиката и патиштата во квантитативен детаљ - истакна истражувачот Винотан Манохаран.

Тимот ја фокусирал студијата на РНК-вирусите, најчестиот тип вируси на Земјата и видот кој е одговорен за чести болести.


Темните точки на снимката всушност се структури со облик на фудбалска топка на шестаголни и петаголни прстени на протеини кои го опколуваат РНК-вирусот. Резултирачкиот оклоп околу вирусот се нарекува капсид.

Според Манохаран, шемата во која овие точки се појавуваат додека се собира вирусот веќе откриваат работи за тоа како можеме да се бориме со некои видови вируси.

- Ако јадрата се формираат пребрзо, комплетните капсиди не можат да израснат. Таа опсервација може да ни овозможи поглед во тоа како да спречиме собирање на патогени вируси - истакна тој.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука