X
 13.04.2018 Живот

Добра вест за сите што сакаат да работат во Германија

Германија мора да ангажира повеќе странски работници за да го зачува економскиот раст и просперитет, покажува истражувањето на економскиот институт IW. Подемот на германскиот пазар на труд во изминатите години веројатно не би бил можен без доселувањето, истакнуваат од институтот.

Во Германија од јули 2012 до јуни 2017 година се вработиле 1,3 милион странци, наспроти 1,6 милион Германци. Најголемиот дел од доселениците што работат во Германија потекнуваат од Европската Унија, а 386.000 од трети земји.


Фото: Bizlife

Авторите на извештајот предупредуваат дека стапката на невработеност меѓу Германците би можела да се зголеми, констатирајќи дека може да се очекува значително намалување на уделот на домашното население во работната сила во наредната деценија.

Од институтот, исто така, предвидуваат дека најверојатно во иднина Германија повеќе ќе зависи од државјани од трети земји, со оглед на тоа дека доселениците во Германија од другите земји на ЕУ ќе треба да се вратат за работа во матичните земји, чии пазари на трудот исто така трпат последици поради стареењето на населението.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот