X
 16.05.2019 Економија

Германија ќе го олесни доселувањето на работници од земји што не се во ЕУ

Вака би требало да изгледа законот од следната година. Додека бизнисмените се радуваат, политичката дебата во Бундестагот за оваа тема се вжештува.

Секоја година престој им се одобрува на повеќе од 100.000 странци. Наспроти тоа, Германија изминативе децении не се сметаше себеси за доселеничка држава.

Но, од почетокот на идната година тоа би требало да се промени. Со новиот закон за доселување стручна работна сила, кој сега се наоѓа во законодавна процедура, доаѓањето на работниците од земјите што не се членки на ЕУ би требало да се олесни.

Ако тој закон стапи во сила, во Германија ќе може да се доселат сите оние што имаат договор за работа и стручна квалификација за тоа работно место.

Повеќе нема да се проверува дали на пазарот на трудот евентуално постои некој Германец или државјанин на ЕУ, кои имаат право на првенство при вработување.

Значи, секој што има некаква квалификација или работодавач - може да дојде во Германија.

Може да се дојде во земјата и без никаков договор, но на шест месеци, за да се бара работа на самото место. За тој период дојденецот треба сам да се издржува.

Вакво право досега имаа само факултетски образованите, но сега ќе го имаат и сите останати независно кој степен на стручна подготовка го имаат.

На германската економија ѝ недостигаат околу 1,2 милион работници, особено во секторите за нега на стари и болни лица, како и во градежништвото.

Со новите прописи би требало да биде решен и проблемот на барателите на азил, кои засега смеат да останат само привремено, на пример, ако во нивната земја има граѓанска војна. Сега тие би требало да добијат можност да го легализираат својот статус.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија