X
 24.04.2023 Живот

На оваа европска земја ѝ фалат милион работници

Италија се соочува со голем недостиг на работна сила - ѝ фалат околу еден милион работници во неколку сектори, изјави министерката за труд Марија Елвира Калдероне.

Главниот проблем е тоа што сѐ повеќе луѓе го напуштаат пазарот на труд поради возраста, а тешко е да се најдат нови работници кои ќе ги пополнат тие работни места.

Владата работи на тоа да им обезбеди на компаниите да имаат работна сила обучена за работата што ќе ја работат, а особено за предизвиците на денешното време, изјави министерката.

Ова особено се однесува на еколошката и дигиталната трансформација во светот на работата, истакнувајќи дека главната цел е да се вработи секој италијански граѓанин.

Недостигот на работна сила најмногу се чувствува во туризмот, велат од здружението „Асотурзимо конфересценти“. Од угостителскиот сектор се жалат на слабиот одѕив на понудите, но и на слабите квалификации на кандидатите за работа.

Земјоделското здружение „Колдирети“ вели дека земјоделството во летните месеци и во сезоната на жетва има потреба од најмалку 100.000 работници. Здружението нагласи дека потребни се трактористи, градинари и берачи на овошје и зеленчук. Освен тоа, се бараат и квалификувани работници како земјоделски техничари кои знаат да управуваат со дронови, да читаат метеоролошки податоци и да користат ИТ-алатки.

Извор: 6yka.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот