X
 04.07.2019 Живот

Германија ширум ја отвора вратата за ИТ-експерти од Балканот

Поради голем дефицит на работна сила, Германија усвои закон кој на работниците од земјите што не се членки на ЕУ значително ќе им го олесни добивањето работа, особено за ИТ-експерите.

Најголемата европска економија се соочува со вистински недостиг на работници. Се проценува дека моментно на Германија ѝ недостигаат над 1.200 000 средно и високо квалификувани експерти, од кои дури 55.000 во ИТ-секторот.

Поради тоа, Бундестагот усвои закон, кој ќе стапи во сила од 1 јануари 2020 година, што овозможува полесно доселување на стручна работна сила од земјите надвор од Унијата. Тоа значи дека процедурата за добивање работна дозвола за оние што бараат работа од Балканот ќе биде значително поедноставна и полесна. Сите што сакаат својата ИТ-кариера да ја изградат надвор од границите на својата земја ги охрабрува и фактот дека применливите ИТ-знаења и вештини, како и познавањето странски јазик, може да се совладаат за 12 месеци квалитетно школување.

Во Германија се надеваат дека, покрај новиот закон и високите плати, и квалитетните услови што се нудат во овој сектор ќе ги привлечат ИТ-експертите од Балканот. Имено, како помлад програмер во Германија може да се заработат 44.000 евра годишно, додека програмери со неколку години искуство заработуваат и 60.000 евра годишно.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот