Ново истражување открива неочекувана врска помеѓу музичките преференции на луѓето и нивните морални вредности.
Истражувањето било спроведено од научници од Универзитетот „Квин Мери“ во Лондон и фондацијата ИСИ во Италија. Во него научниците ја анализирале поврзаноста помеѓу моралните вредности и музиката со помош на техники за машинско учење.
- Нашето истражување обезбедува убедливи докази дека музичките преференции можат да послужат како прозорец кон моралните вредности на поединецот - вели Каралампос Саитис, еден од авторите.
Во истражувањето биле вклучени над 1.400 учесници. Резултатите покажуваат дека комбинацијата на текст и звучни карактеристики се добар предвидувач на моралните вредности на поединецот.
Поточно, музичките елементи како висината и квалитетот на тонот се клучни предвидувачи за вредностите за грижа и правичност, додека чувствата и емоциите изразени во стиховите се поефикасни во предвидувањето на лојалноста и авторитетот.
Резултатите би можеле да го отворат патот кон разни примени, велат истражувачите.
Извор:
Phys
Насловна фотографија: Pixabay