Мажите доминираат во Информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во цел свет и во најдобар случај заземаат две третини од вкупниот број во оваа професија. Прва на листата со најмногу жени во ИКТ-секторот во Европа е Бугарија со 28%.
Македонија високо котира на оваа листа со 21% жени во ИКТ-сектор, исто како Шведска. Од високоразвиените европски земји зад нас се Финска (20%), Данска (19%), Франција, Холандија и Германија (17%).
Европската база на податоци „Евростат“ ја објави листата за 2018 година.
Фото: „Еуростат“
- Во 2018 година околу 8,9 милиони луѓе биле вработени во Европската Унија како ИКТ-специјалисти. Во професијата доминираат мажите, а од вкупниот број само 1,5 милион (17%) се жени. Во земјите-членки на ЕУ најдолу на листата е Унгарија (9%), а пред неа се Чешка (10%) и Грција (11%). Највисоко на табелата се Бугарија (28%), Литванија (25%) и Романија (24%) – објави „Евростат“.