Разорните пожари и огромните количества чад во Австралија се регистрирани и од сателитите на илјадници километри над Земјата.
Причината за пожарите во кои досега загинаа 20 луѓе се високите температури и силниот ветер, а експертите веруваат дека тоа се должи на климатските промени предизвикани од човековото однесување, а пред сè од неконтролираната емисија на штетни гасови.
Според последните процени, пожарот во Источна Австралија проголта повеќе од 14 милиони хектари земја, уби околу половина милијарда животни и расели стотици илјади луѓе, објави „Бизнис инсајдер“.
На фотографиите од вселената може да се види чад на небото од половина Европа до Нов Зеланд.
Фотографиите се направени преку сателитот на јапонската метеоролошка агенција „Химавари-8“, која се движи околу истата точка на Земјата на надморска височина од речиси 36.000 километри.
Извор: МИА