X
 13.05.2022 Живот

Објавена првата долгорочна прогноза за летово. Еве што нѐ очекува

Метеоролошката служба „Севир ведр“ ја објави првата долгорочна прогноза за претстојното лето во Европа.

Оваа метеоролошка служба користи три модели: ECMWF, UKMO и CFSv2. Се чини дека ни претстои топло и суво лето.

ECMWF модел


Овој модел се смета дека е најсигурен во категоријата долгорочни прогнози. Иако долгорочните прогнози, особено оние што се однесуваат на период од неколку месеци однапред, не се целосно сигурни, па моделот ECMWF е на врвот во однос на сигурноста.

1

Во Јужна и во Централна Европа се очекува натпросечно топло време, додека во Северна Европа се очекуваат речиси просечни температури, можеби малку пониски. За поголем дел од континентот се очекува многу потопло време од вообичаеното.

Во однос на врнежите, се очекуваат многу помалку од просечните врнежи низ Европа, освен на северот на континентот.

UKMO модел


Овој модел ѝ припаѓа на Метеоролошката служба на Обединетото Кралство. Според него, Европа ќе има потопли услови од вообичаено на поголемиот дел од континентот. Интензитетот се намалува кон север, каде што се зголемува влијанието на зоната со низок притисок.

2

Што се однесува до врнежите, на крајниот север од Европа во зоната со низок притисок ќе преовладуваат нормални до влажни услови. Но, остатокот од континентот се очекува да биде многу посув од вообичаеното. Во Централна Европа има неутрални области, што укажува на веројатно активна сезона на бури.

CFSv2 модел


CFSv2 е главен северноамерикански модел на долг рок. Овој модел за Европа дава малку поразлична прогноза од претходните два.

3

Се предвидува поголем притисок над Централна и Северна Европа, а потенцијално низок на Запад. Глобалните температури на воздушната маса ќе бидат потопли од нормалните во поголемиот дел од северната хемисфера. Според овој модел, температурите  во Европа ќе бидат повисоки од нормалните во повеќето делови на континентот, особено во централните и западните региони.

Кон север, температурните аномалии ќе станат сè помали.

Извор: Index.hr
Фото: ECMWF
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот