X
 21.06.2022 Живот

Што не треба да се остава во автомобилот во текот на летото?

Сите знаеме дека не треба да оставаме скапоцени работи на видливо место во автомобилот, но постојат некои други работи кои може да предизвикаат штета ако се остават во заклучен автомобил.

Очила

Обичните очила или очилата за сонце не треба да се оставаат во автомобилот кога температурите се високи. Доколку ги оставите на сонце, пластиката може да се стопи и очилата да се оштетат, а металните делови може да бидат премногу топли за допир.

Лекови

Поголемиот дел лекови се многу чувствителни на промените на температурата. За време на летото, автомобилот ја задржува топлината во возилото, па затоа е важно лековите да не се оставаат во него, туку да се чуваат на суво и ладно место.


Фото: Pixabay

Електроника

Поради промените во температурата, електрониката не треба да се остава во автомобилот. Кога автомобилот не работи, температурата во него може да варира и да предизвика штета на лаптопот, телефонот и слично.

Пластични шишиња

Повеќето пластични предмети содржат хемикалија која ѝ ја дава цврстината на пластиката, а која може да се прелее од пластиката во околната течност на висока температура. Затоа, пиењето вода од пластично шише во врел автомобил може да биде опасно за здравјето.

Лосион за сончање

Активните состојки на кремите за сончање се разложуваат кога се изложени на топлина, нејзиниот рок на траење се скратува, а ефикасноста се намалува. Освен тоа, капачето на кремот може да се отвори поради високата температура и да се направи неред во возилото.

Извор: Ekapija
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот