X
 14.10.2023 Живот

Тито ги избркал членовите на „Бијело дугме“ од сцената - бил разочаран од бендот

На овие простори „Бијело дугме“ ужива култен статус. Бендот сè уште го слушаат многу генерации, вклучувајќи ги и помладите. Се шпекулирало дека овој бенд бил државен проект, а Тито еднаш ги избркал од сцената сите членови.

Имено, кружеле шпекулации дека Управата за државна безбедност го основала бендот „Бијело дугме“. Целта на комунистичкото раководство наводно била преку „Бијело дугме“ да ги контролира младите. На ова тврдење, во едно од неговите интервјуа, се осврна и Горан Бреговиќ.

- Се сеќавам дека бевме поканети да свириме за Тито за Нова година. Некои од внуците на Тито ја пееле „Тако ти е мала моја кад љуби Босанац“, па сакаа да го донесат бендот што ја пееше таа песна бидејќи сметаа дека другар Тито сака да го чуе - вели тој и додаде дека Тито, веднаш по почетокот на нивниот концерт, ги покрил ушите.

- Бевме симнати од сцената по осум секунди откако почнавме да пееме, така што како државен проект успеав да свирам само 10 секунди - вели тој.

За овој настан зборуваше и Тереза Кесовија. Имено, таа тврди дека „Бијело дугме“ не бил избркан од сцената, туку Тито бил тој што ја напуштил просторијата.

Извор: Klix.ba
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот