Сте почувствувале дека сте мирни кога пешачите покрај море? Чувство на подмладување кога седите покрај водопад? Или погледот кој ве остава без здив на езерото од вашиот прозоред? Често чувствуваме чувство на смиреност кога сме покрај вода, и научниците велат дека ова има позитивен ефект на нашиот мозок.
Тогаш, што точно се случува на мозокот кога сме опколени со вода?
Смирувачкиот ефект е на „одмор“ за нашиот мозок поради превисока стимулација. Гледајќи во вода и слушајќи го нејзиниот звук го става нашиот преполнет мозок во релаксирана и скоро хипнотизирана состојба со бенефиции на различно размислување на мозокот за процесирање мисли. Ова води до посмирена и креативна состојба.
Кога ќе слушнеме бранови на морето, тоа навистина не става во состојба на медитација.
Дури и само набљудувањето на движењата на водата го смирува мозокот. Ова има многубројни предности за намалување на депресијата, намалување на стресот, анкциозноста и ја подобрува менталната бистрост и шемата на спиење.
Кога сме близу вода, нашиот мозок се исклучува од „зафатениот“ начин на работа во релаксиран. Тогаш мозокот се отвора бидејќи не е фокусиран на милионите мисли кои можат да предизвикаат стрес или нервоза.
Кога мозокот е во релаксирана состојба, тогаш е поотворен да биде инспириран и креативни мисли. Во основа, ние го исклучуваме мозокот или го одмараме за подобра ментална околина во внатрешноста на мозокот.
Вежбањето е очигледно добар начин да се подобри менталната состојба, а трчањето или пешачењето покрај вода ќе ги зголеми овие бенефиции десет пати повеќе. Пливањето или возењето велосипед ќе ви даде повеќе ментална енергија отколку вежбањето во град или во теретана.
Ефектот на позитивни и негативни јони врз нас можат да бидат сметани како природно влијание на тоа како ние се чувствуваме.
Позитивните јони се емитираат од страна на електронските помагала како компјутери, микробранови или фенови, а негативните јони се генерирани од водопади, морски бранови и громови. Богатата количина на негативни јони во атмосферата ја забрзуваат нашата можност за апсорбирање кислород, го балансираат нивото на сератонин (честичка поврзана со расположението и стресот) и помага во подмладување на мозокот и концентрацијата.
Друга предност е што ќе бидете прекриени со природен извор на вода како море или езеро кое го живнува вашето тело. Различните температури даваат бенефиции од двете страни - природното, ладно одмарање ќе ви даде совршен третман за вашите нерви и ќе го освежи вашето тело психички и физички додека летната топла вода ќе ги опушти мускулите и напнатоста.
Доколку имате можност да посетите море или езеро или барем да седите покрај градската фонтана, водата има моќно влијание на мозокот и може да ви помогне да ја смените психичката бистрост, способност, среќа и благосостојба.