X
 13.07.2018 Живот

Остри реакции откако магазинот „Форбс“ на насловната страница ја стави Кајли Џенер

Кога станува збор за бројки, нема постручен од магазинот „Форбс“. Сепак, кога станува збор за зборови - и не баш. Така, магазинот доби остри критики поради последната насловна страница на која беше ставена Кајли Џенер и беше претставена како „најмладата милијардерка што сама заработила пари (self-made)“.

Дали сфаќате зошто е ова проблематично?

- На 21 година таа станува најмладата милијардерка што сама заработила пари (self-made). Добре дојдовте во ерата на екстремната моќ на славата - пишува магазинот на насловната страница.

Кајли Џенер на 10 август ќе наполни 21 година, а моментално нејзината вредност е проценета на 900 милиони долари.

Ова буквално ги разбесни луѓето на социјалните мрежи, кои не штедеа на коментари, а се вмеша и веб-страницата „Dictionary.com“.

кајли
Фото: Forbes


- Терминот „self-made“ значи да успееш во животот без туѓа помош. Како се користи во реченица: „Форбс“ тврди дека Кајли Џенер е „self-made“ жена - напишаа од оваа веб-страница и ставија линк до статијата.

Луѓето пишуваат дека нарекувањето на Кајли Џенер „self-made“ милијардерка е исто како да тврдите дека сами сте приготвиле јадење бидејќи сте отвориле конзерва и сте ја загреале.

- Ако на трка од 100 метри вие започнувате да се тркате од 90 метри, тогаш не сте успеале сами - е еден од коментарите.

- „Self-made“, навистина? Лесно е да се стане милијардер кога родителите ти се милионери. Тоа се нарекува генерациско богатство плус непотизам. Опра Винфри, која пораснала на мала фарма во Мисисипи, таа е „self-made“ - пишува друг корисник.

Како и да е, моментот кога Кајли ќе ја премине вредноста од милијарди долари, а тоа ќе се случи наскоро, ќе го симне Марк Закерберг од врвот на листата со најмлади милијардери во историјата на светот.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот