X
 10.09.2016 Здравје

Велика Британија има најниска стапка на доење во светот

Зголемување на ниската стапка на доење во Велика Британија би можела да спаси 40 милиони британски фунти годишно, тврдат од Академијата за јавно здравје. Според последните бројки Велика Британија има најниска стапка на доење во светот.

Универзитетскиот професор Ејми Браун вели дека се поголем е бројот на британски родители кои одлучуваат да ги хранат своите деца со “формула млеко“, и покрај зголемениот ризик за гастроентеритис и распираторни болести.

Мајка на 3 деца која се обратила до фестивалот за британска наука за ова прашање тврди дека повеќе финансиски средства и подобра поддршка би имале новите мајки доколку се променат нивните ставови.


доење


Доктор Браун изјавила: Доењето треба да се прифати како нормално однесување. Сепак во земјата предизвика многу дебати во медиумите и на интернет. И покрај промовирањето дека доењето е добро, ние нема да продолжиме со акции за поддршка на новите мајки. Повеќето луѓе веруваат дека бакнувањето гласно е прифатливо отколку доењето во јавност. Ако можеме да ја подигниме стапката на доење за само две третини, ние би можеле да заштедиме 40 милиони фунти годишно, како што прегледите за бебињата кои се хранат со “формула млеко“ кои се повеќе склони кон болести, веќе нема да бидат потребни“.

Претходно оваа година бројките објавени во медицинското списание “The Lancet“ откриле дека само едно на 200 британски деца, што е 0.5 проценти е доено до возраст на 12 месеци.

Браун објаснува дека бројките се депресивни со оглед на стапката од 98 проценти во скандинавските земји, а само 27 проценти во Велика Британија, каде мајките може да добијат само 4 недели породилно отсуство.

“Дали причината за ниската стапка во бројките е заради физичките проблеми? Не. Само 2 проценти од жените во Велика Британија не се во можност да дојат поради физички проблеми или поради примање на лекарства. Ситуацијата се создаде поради тоа што општеството прави големи проблеми. Покрај ова новите мајки се соочуваат со голем социјален притисок да го добијат својот живот назад по раѓањето на бебе, со дружење, носење на старите фармерки и со тоа да го усреќат својот партнер, што доењето го прави непожелен избор. Се додека не се сменат ставовите и да се води поголема грижа за новите мајки и да им се даде вистинска поддршка, нема да видиме зголемување на стапката“- истакнала Браун.

Браун ќе го испитува ова прашање во нејзината претстојна книга “Breastfeeding Uncovered“ која ќе биди објавена во месец Октомври оваа година.  
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје