X
 13.08.2018 Живот

Шампионот во „Мајкрософт Ексел“ е 15-годишно момче

Кевин Димакуланган, 15-годишно момче од Флорида, ја освои титулата светски шампион во „Мајкрософт Ексел“.

Момчето, кое учи во средното училиште Дунбар во Форт Маерс, беше учесник на Светскиот шампионат во „Мајкрософт Офис“, натпревар што ги тестира вештините на учениците во „Мајкрософт Ворд“, „Мајкрософт Ексел“ и „Мајкрософт Пауер Поинт“.

- За време на натпреварот се дава пакет со инструкции и голем број податоци. Можете да користите и „Ворд“ и „Ексел“ и „Поинт“ за да креирате база на податоци користејќи графикони и слично - рече Димакуланган за време на едно локално интервју.

момче

Повеќе од 760.000 кандидати од 116 земји учествувале на натпреварот организиран од „Сертипорт, провајдер за испити за ИТ- сертификација базиран на перформанси.

Димакуланган е исто така одличен пијанист и математичар. Тој се надева дека ќе успее да се запише на Технолошкиот институт во Масачусетс по завршувањето на средното образование.

- Се надевам дека ќе станам софтверски инженер - рече тој.

По натпреварот биле избрани шест победници. Натпреварувачите можеле да изберат помеѓу софтверски верзии од 2013 до 2016 година. Секој победник добил награда од 7.000 долари.

Димакуланган рече дека му биле доделени медал, трофеј и конзола „Ексбокс“ за освојување на титулата светски шампион за „Мајкрософт Ексел“, верзија 2016 година.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот