X
 11.04.2017 Живот

Експерт за стрес: Исплачете се, ќе ви биде полесно!

плачење
Фото: Alan Levine/Flickr

Кога последен пат добро се исплакавте? Колку пати сте го слушнале советот, исплачете се, ќе ви биде полесно? Ако сте под стрес, обидете се да се исплачете и ќе ги исфрлите сите фрустрации од себе.

Д-р Пит Сулак, експерт за стрес, советува дека плачењето е добар начин за емоционално и психолошко ослободување на напнатоста и начин да се соочиме со интензивните емоции и дефинитивно го намалува нивото на стрес во телото.

И истражувањата го поддржуваат овој став, па така истражување од медицинскиот центар Св.Пол Ремзи во Минесота утврди дека солзите содржат хормон на стресот. Солзите го имаат хормонот пролактин чија основа е протеин, адренокортикотропни хормон и леуцин-енкефалин, невротрансмитер кој ја намалува болката и го подобрува расположението, а сето тоа го произведува човечкото тело кога е под голем стрес.

Ослободувањето на телото од адренокортикотропен хормон го намалува нивото на кортизол во телото. Кортизол е хормон на стресот, кој предизвикува паника и анксиозност и предизвикува телото да депонира масти околу струкот. Намалувањето на кортизол значи посреќни чувства и полесно слабеење. Уште една добра причина добро да се исплачете.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот