X
 20.09.2021 Здравје

Пристигнува нова вакцина против ковид-19, за имунитет е доволна една доза

Нова протеинска вакцина произведена од француската компанија „Санофи“ треба наскоро да почне да се користи низ светот. Хрватска веќе порачала дози и се подготвува да ја примени.

Познатиот хрватски имунолог Златко Тробоњача за хрватските медиуми ја објаснил разликата помеѓу постоjните вакцини и новата.

- Нема никаков генски материјал, не е таканаречена вакцина со РНК ниту ДНК, туку чист протеин кој влегува во нашето тело и веднаш влијае врз имунолошкиот систем. Она што, исто така, е важно е дека оваа протеинска вакцина е послична на оние традиционалните вакцини на кои сме навикнати, како вакцините на тетанус и слично - изјавил Тробоњача.

Тој претпоставува дека вакцината ќе се прима во само една доза која би била доволна за да се произведат доволно антитела за заштита. Останува да се истражи ефективноста на вакцината против различните соеви.

Извор: Avaz
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје