Група добри луѓе пред неколку дена во Сараево, Босна и Херцеговина, поставиле фрижидер кој ќе им биде достапен на сите, а во кој има храна и пијалаци за сите што не се во можност да си обезбедат пристоен оброк.
Елис и Муамер заедно со пријателите ја иницирале оваа идеја и ја спровеле во дело. Според нив, целта е да им се даде храна на сите оние на кои им е потребна и да се стимулираат луѓето да не го фрлаат она што некој може да го изеде.
Фрижидерот е ставен во близина на хотел и е вклучен во струја за да може во топлите летни денови да се зачуваат свежината и квалитетот на храната.
- Не очекувавме толкава реакција од јавноста. Објавивме на „Фејсбук“, а потоа многумина споделија и веста се прошири - вели Муамер.
Елис додава дека целта е луѓето да не земаат храна од контејнер.
- И сами знаете колку храна се фрла. Многу остатоци од храната се закачуваат на контејнер и тоа веднаш некој го зема. Идејата беше луѓето да можат достоинствено да дојдат и да земат храна од фрижидер, а не да земаат од контејнер - вели
Елис.
Фото: Buka
Фрижидерот сега е полн со храна и пијалаци, а помагаат и здруженијата, кои освен што го полнат, донираат и пари на фамилии.